Соопштенија

Петок, 12 април 2019 година

Собраниска делегација на Конференција во Белград   

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во чиј состав се заменик-членовите на Комисијата за европски прашања, Владанка Авировиќ и Емил Димитриев, како и заменик-генералниот секретар на Собранието, Мики Милковски, ќе зеде учество на 15. состанок на Конференцијата на парламентарни комисии за европски прашања/интеграции на земјите учеснички на Процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ (КОСАП), што ќе се одржи од 14 до 16 април 2019 година во Белград, Република Србија.

На Конференцијата ќе стане збор за значењето на интерпарламентарната и регионалната соработка за забрзување на реформите во процесот на интегрирање кон ЕУ, како и за соработката на парламентот со цивилното општество во процесот на европска интеграција.