Соопштенија

Петок, 24 јануари 2020

Собраниска делегација на редовна сесија на ПС на СЕ во Стразбур

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, во состав Бетиан Китев, шеф и членовите: Шпреса Хадри и Никола Попоски од 26 до 31 јануари 2020 година, ќе учествуваат во Првиот дел од редовната Сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, Франција.

Во текот на сесијата се очекуа ПС на СЕ да избере нов претседател, а на членовите да им се обратат претседателите на Грузија, г-ѓа Саломе Заурабичвили и на Република Молдавија, г. Игор Додон, грузискиот министер за надворешни работи и претседател на Комитетот на министрите, г. Давид Залкалиани, како и новоименуваниот генерален секретар на Советот на Европа, г-ѓа Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Во текот на Сесијата, седници ќе одржат и постојаните комитети на ПС на СЕ.