Соопштенија

Среда, 13 март 2019 година

Студиска посета во Холандија за правата на ЛГБТИ лицата

Пратеници, членови на  Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе учествуваат на студиска посета во Холандија, во периодот од 13.3.2019 до 16.3.2019 година.

На студиската посета ќе земат учество координаторката Маја Морачанин, заменик-координаторот Павле Богоевски и пратеничките Лилјана Поповска, Славица Шуманска-Митева, Јагода Шахпаска, Снежана Калеска-Ванчева и Емилија Александрова.

Поканата за учество на студиската посета е од организацијата ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на Проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТИ луѓето“, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Целта на посетата е презентирање на најдобрите парламентарни пракси за работа на ова поле, како и презентирање на пракси за подигнување на свеста за ненасилство, спречување на говор на омраза и дискриминација.

Во рамки на студиската посета предвидена е посета на Парламентот во Хаг и средба со пратениците одговорни за креирање на политиките од областа на ЛГБТИ прашањата, средби со локални политичари, посета на институциии и средби со невладини организации, кои работат на застапување заедно со холандските пратеници. 

Click