Соопштенија

Вторник, 19 март 2019 година

Учество на Комисијата за транспорт, врски и екологија на средба на работна група за животна средина 

На 20 март 2019 година, со почеток во 10 часот, во „Парк хотел и спа“ во Скопје, ќе се одржи првата средба на работна група за животна средина со наслов: „Тркалезна маса за имплементирање на ЕУ директивите за квалитетот на воздухот“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.

На работната група за животна средина планирано е да присуствуваат претседателот, членовите и замениците на членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија: Лилјана Затуроска, Слаѓана Митовска, Панчо Минов, Диме Велковски, Реџаиљ Исмаили, Лилјана Поповска, Драган Данев и Соња Мираковска.

Целта на работната група е одржување редовни средби помеѓу претставниците на институциите на централното и локалното ниво, граѓанските организации, синдикатите, академските претставници и претставниците на меѓународните организации кои во својата работа се фокусираат на теми од областа на животната средина, за овозможување на платформа за добра комуникација и соработка, како и за креирање на план за заедничко делување. 

Најавено е првата работна средба на работната група за животна средина да биде фокусирана на имплементирање на ЕУ директивите за квалитетот на воздухот.