Соопштенија

Петок, 13 септември 2019 година

Учество на собраниска делегација на форум во Вашингтон

Во рамки на програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во соработка со Стејт Департментот и Институтот за претставување на Владата (ИПГ) во Соединетите Американски Држави, од 16 до 26 септември 2019 година, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на форум за подобрување на транспаретноста и борбата против корупцијата во Вашингтон, Индијанаполис, во Соединетите Американски Држави. 

На форумот ќе учествуваат: потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски; претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска.

Исто така, во рамките на форумот, пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на Соединетите Американски Држави. На средбите ќе стане збор за евроатланските интеграции на земјата, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што Владата ги прави во областа на владеењето на правото, транспаретноста и борбата против корупцијата.

Click