Собраниска делегација во Стразбур...

Вторник, 6 февруари 2018 година

Собраниска делегација во Стразбур

Согласно член 114 од Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска Унија, од 6 до 8 февруари 2018 година во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република ќе се одржи 14. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска Унија - Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација. 

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност...

Понеделник,  29 јануари 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на 11. седница, ќе одржи Јавна расправа по: Предлог-закон за следење на комуникациите и Предлог-закон за Оперативно-техничка агенција.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за економски прашања...

Петок, 26 јануари 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на 4. седница, ќе одржи Јавна расправа на тема: Ефектите од примената на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата. Јавната расправа ќе се одржи на 1 февруари (четврток) 2018 година, со почеток од 12.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на зимска сесија на ПССЕ во Стразбур...

Понеделник,  22 јануари 2018 година

Собраниска делегација на зимска сесија на ПССЕ во Стразбур

На редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од 22 до 26 јануари 2018 година во Стразбур, Франција, учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Бетиан Китев, шеф на Делегацијата и Африм Гаши, заменик-член. 

Прочитај повеќе

Пратеникот Груби на Конференција во Софија...

Понеделник, 22 јануари 2018 година

Пратеникот Груби на Конференција во Софија

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, од 20 до 22 јануари 2018 година, ќе учествува на Конференција на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите членки и земји кандидати на Европската унија-КОСАК, во Софија, Република Бугарија.

Прочитај повеќе

Студиска посета во Брисел...

Четврток, 18 јануари 2018 година

Студиска посета во Брисел

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 22 и 23 јануари 2018 година во Брисел, Кралството Белгија, ќе се реализира студиска посета за новоизбрани пратеници од Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на Парламентарен форум во ...

Вторник, 19 декември 2017 година

Учество на собраниска делегација на Парламентарен форум во Виена 

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав г. Горан Милевски, претседател на Комисијата за економски прашања и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија учествува на состанок на тема: „Предизвици за безбедно енергетско снабдување во регионот на Енергетската заедница“ во организација на Енергетската заедница и на Парламентарниот форум за Југоисточна Европа на тема: „Енергетска ефикасност и клима“ во организација на Германското здружение за соработка кои ќе се одржат на 19 и 20 декември 2017 година во Виена, Австрија. 

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на парламентарен форум во Цетиње...

Четврток, 7 декември 2017 година

Собраниска делегација на парламентарен форум во Цетиње

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратенците: Јагода Шахпаска и Реџаил Исмаили од 7  до 8 декември 2017 година ќе учествува на 19. Цетински парламентарен форум на тема: „Парламент и масовни комуникации", во Цетиње, Република Црна Гора.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски“, 20...

Среда, 6 декември 2017 година

Доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2017 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 13.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Груби во Брисел со интензивна агенда ...

Понеделник, 4 декември 2017 година

Груби во Брисел со интензивна агенда 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, ќе претстојува во Брисел на дводневна посета.

Претеникот Груби ќе учествува на тркалезна маса на тема: „Западен Балкан на раскрсница: Нови предизвици, сменета динамика“, што се одржува во Брисел, на покана на „Пријатели на Европа“ и на Европскиот самит за европска политика. 

Прочитај повеќе
1...161718...21                      
Click