Активности

Вторник, 15 септември 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. НИВЕС ТИГАЊ 

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н. Е. Нивес Тигањ.

Претседателот Џафери ги потенцираше исклучителните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, за кои сподели очекување дека ќе продолжат со зголемена динамика и во наредниот период. Накратко ја информираше амбасадорката со активностите на Собранието, изборот на комисиите, легислативната агенда, новите услови за работа поради пандемијата со Ковид-19, како и активностите сврзани со европската агенда. Упати благодарност за силната и континуирана поддршка што највисоките државни институции ја даваат на Република Северна Македонија на планот на европската интеграција на земјата и изрази очекување дека како НАТО сојузници ќе имаме плодна соработка. Претседателот ја реафирмираше и потребата од натамошна пријателска и конструктивна соработка и во мултилатералните и регионалните меѓународни организации.

Амбасадорката Тигањ го поздрави формирањето на Владата и функционалноста на Собранието и информираше за најавените претстојни активности меѓу државните претставници на двете земји во наредниот период, при што истакна дека на Република Хрватска и се од особена важност напредокот на Република Северна Македонија кон Европската Унија, како и негувањето на стабилен политички дијалог меѓу власта и опозицијата. Понуди експертска помош на владино и парламентарно ниво во процесот на отворањето на поглавјата, на ниво на експерти кои можат многу да помогнат во градењето на капацитетите за преговори со Европската Унија.

Соговорниците разменија мислења и за развојот на економската соработка, потоа соработката меѓу воените индустрии и воената соработка меѓу двете држави, како и можностите за унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија. 

Click