Hidden render

Четврток, 28 февруари 2019 година

Добри билатерални односи се градат преку соработка помеѓу двата парламенти

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, Хари Локвенец и заменик – претседателот, Илија Николовски вчера остварија работна средба со военото аташе на Романија, Валентин Стримбесцхи.

На средбата, се разговараше за односите помеѓу двете земји Република Северна Македонија и Република Романија. Военото аташе Стримбесцхи, нагласи дека добри билатерални односи се градат првенствено преку соработка помеѓу двата парламенти. 

Исто така, се надева дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина, со цел зајакнување на билатералните односи помеѓу овие две земји, а особено очекува средба и продлабочување на односите помеѓу Комисиите за одбрана и безбедност на двете земји.

Имено, Локвенец и Николовски се заблагодарија и за поддршката на Република Романија за време на претседателството на Романија со ЕУ.

Локвенец посебно ја нагласи поддршката на Букурешт за нашите евроатлантски интегративни процеси, важни за напредокот на нашата земја, особено во процесот во кој се очекува препорака и отпочнување на преговорите за ЕУ членство.

Click