Средби пратеници

Среда, 13 март 2019 година

Собраниска делегација на средба со амбасадорката Галовеј

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Диме Велковски, Шпреса Хадри, Владимир Ѓорчев, Африм Гаши и Сурија Рашиди, кои од 3 до 7 март 2019 година беа во официјална посета на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска, остварија работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, на нејзина покана.

Средбата се реализира во нејзината резиденција.Целта на средбата беше да се споделат впечатоците на нашата делегација по неодамнешната официјална посета.

Во текот на разговорот, беше договорено амбасадата да се направи напори  за забрзување на процесот на ратификација на пристапниот протокол во парламентот на Обединетото Кралство, како и да се заложи за развој на соработката во областа на економијата, образованието, евроинтеграцискиот процес и соработката на ниво на парламенти.