Активности

Понеделник, 9 мај 2022 година

ОДРЖАН РАБОТНИОТ ВИКЕНД ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ДЕЛОВНИКОТ ВО МАВРОВО

На работниот викенд во Маврово кој се одржа на иницијатива на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на 7/8/9 мај 2022 година, и на кој заедно со него беа и потпретседателот на Собранието, координаторите на Пратеничките групи и генералната секретарка, се разгледуваше од почеток Деловникот на Собранието со паралелно разгледување и на последниот усогласен предлог Деловник изготвен од Службите на Собранието на Република Северна Македонија по одржаниот 3. Дијалог „Жан Моне“ во Собранието, со цел потврдување на веќе усогласените ставови и отворање на другите прашања кои не се сѐ уште отворени.

Овој вид на активност за конечно добивање на усогласен текст на Деловник кој што ќе биде консензуално изгласан ќе продолжи и во иднина, во согласност собраниските активности и во рамки на надлежностите.   

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.