Активности

Вторник, 23 ноември 2021

Собраниска делегација на 58. Генерално собрание на ПАБСЕК

Лидија Тасевска, шеф, Вјолца Адеми и Благица Ласовка, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК учествуваа на 58-то Генерално собрание на ПАБСЕК, што се одржа на 22 ноември 2021 година, во виртуелен формат. 

Во рамките на сесијата, меѓу другото, се дискутираше и за економско-трговски и финансиски прашања, правни и политички работи во регионот на БСЕК, како и преземање на претседателствувањето со ПАБСЕК за следните шест месеци.  

Свое излагање како шеф на Делегацијата и претставник на нашето Собрание, имаше и Лидија Тасевска. Во нејзиното обраќање, таа рече дека ПАБСЕК, како парламентарна компонента на Црноморската економска соработка, ги зближува претставниците на националните парламенти на земјите-членки и го јакне партнерството во регионот. Со неговата работа, истакна Тасевска, ја истакнува важноста на добрите односи на билатерален и мултилатерален аспект. Во таа насока, потенцира пратеничката, би била добредојдена поддршката од БСЕК, односно ПАБСЕК, посебно од земјите што веќе се членки во ЕУ, за најскоро започнување на преговорите со ЕУ на нашата земја, изразувајки надеж дека тоа наскоро ќе се случи.

Парламентарците, истотака, изразија загриженост врска со климатските промени и состојбата со Ковид. Беше ставен акцент и на миграцијата, која преставува предизвик за цела Европа, а не само за медитеранските земји.Се дискутираше и за Буџетот за 2022 година.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.