Активности

Петок, 15 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА 

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ. 

Николоски информираше за конституирањето на Националниот совет за евроинтеграции, за надлежностите и составот на телото, неговата улога во процесот на пристапните преговори, како и за принципот на донесување на одлуки со консензус. Претседателот на Советот изрази задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на Македонија, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 

Амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ, го честиташе изборот за претседател на Националниот совет за евроинтеграции, изрази поддршка за работата на Советот и понуди стручна екпертиза за неговата работа. Тигањ ја нагласи важноста од активен ангажман на сите чинители во државата за исполнување на неопходните услови за почеток на преговорите и истакна дека Хрватска континуирано дава поддршка за евроинтеграциите, истовремено поттикнувајќи политичка и економска соработка меѓу двете држави.

Претседателот Николоски и амбасадорката Тигањ, во текот на средбата, се осврнаа и на актуелните состојби во Македонија, регионалната соработка, како и за економската и здравствена криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.

Click