Активности

Петок, 19 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со полскиот претседател Дуда

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во дводневна официјална посета на нашата земја.

 

На средбата, претседателот Џафери искажа особена благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Полска за процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија.

Тој рече дека нашето Собрание, и покрај дневните предизвици, продолжува со исполнување на стратешките цели, меѓу кои е и развојот на добрососедската политика и домашната реформска агенда. Европската интеграција, продолжи Џафери, по членството во НАТО, останува клучен стратешки приоритет, како единствена алтернатива за иднината на земјата.

 

 

 

 

 

Претседателот Дуда истакна дека Република Полска отсекогаш ја поддржувала аспирацијата на Северна Македонија за евроатланска интеграција. Високиот гостин изрази благодарност за улогата на Република Северна Македонија во мигрантската криза, истакнувајќи дека полската гранична полиција ги имплементира искуствата што ги добила во нашата држава.

Двајцата соговорници се согласија за особеното значење што го има парламентарната дипломатија, имајќи предвид дека ги охрабрува владите да стапат во непосредна и конкретна соработка.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.