Активности

Вторник, 23 ноември 2021

ТРЕТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции денес ja започна Третата седница со точка на дневен ред - Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година.

Националниот совет за евроинтеграции и присутните амбасадори на седницата со едноминутно молчење изразија сочувство до семејствата на сите загинати во денешната трагична автобуска несреќа.

Клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2021 година пред Советот ги презентираше амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н. Е. Дејвид Гир.

Поради трагичната несреќа, Советот ќе ја продолжи Третата седница по завршување на деновите на жалост и во термин кој дополнително ќе се утврди.










 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.