Соопштенија

Петок, 8 октомври 2021 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“

На 11 октомври 2021 година (понеделник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе му се врачи на филологот, проф.д-р Атанас Вангелов, додека во областа на културата и уметноста на академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими.

Click