Соопштенија

Петок, 4 септември 2020 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „8 СЕПТЕМВРИ“

На 8 септември 2020 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“, ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници.

Љуљзим Вренези е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план. 

Додека наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Click