Соопштенија

Понеделник, 21 јуни 2021 година

Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на вториот Скопје Прајд

Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни(сабота) 2021година, во Скопје, ќе се одржи втората парада на гордоста (Skopje Pride) во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.  

Парадата на гордоста е славење на различноста, слободата, прифаќањето, љубовта. Со учеството на овој мирен протестен марш, испраќаме порака за солидарност и поддршка на сите ЛГБТИ сограѓани во борбата против дискриминација, стигматизација, насилство и говор на омраза кон нив. Маршот е можност ЛГБТИ како една од најмаргинализираните заедници, да добие видливост во општеството и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува. 

На парадата свое обраќање ќе има координаторката на Интерпартиската Парламентарна Група за правата на ЛГБТИ лицата, г-ѓа Маја Морачанин.

Интерпартиската група продолжува континуирано да придонесува за подигање на јавната свест за потребата од унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и развој на современо демократско општество со еднакви можности за сите.

Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето се придружува на вториот Скопје Прајд, на 26 јуни (сабота)2021година. 

Click