Четврток, 12 мај 2022
Јавна расправа за Предлог-планот на активности за унапредување на родовата сензитивност
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на 13 мај 2022 година (петок), во 13:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе ја одржи својата Осма седница, на која ќе има јавна расправа на тема: „Предлог-план на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2022 - 2024“.
ПРОГРАМА:
11:00 - 11:30 - Поздравни обраќања
- Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички
- Н.Е. Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
- Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието
11:30 - 12:00 - Презентација на Предлог-извештајот за имплементација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 - 2021
- Презентација на Предлог-планот за имплементација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 - 2021
12:00 - 12:30 - Дискусија и усвојување
Јавната расправа се организира во соработка со Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Покрај членовите и заменик-членови на Комисијата, на Јавната расправа се поканети сите пратеници на Собранието, генералната секретарка на Собранието, претставници на Министeрството за труд и социјална политика, Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, координаторките за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности (претседателки и координаторки), претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, претставници на дипломатските кор во земјава, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.