Понеделник, 19 октомври 2020
Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација
Во организација на Комисијата за европски прашања и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на 20 октомври 2020 година (вторник), од 11:00 до 15:00 часот, во Клубот на пратеници, ќе се одржи Јавна расправа на тема: Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација – II читање.
Покрај членовите и заменик-членовите на Комисиите, на јавната расправа се поканети претставници на Министерството за труд и социјална политика, како и претставници на НВО секторот од оваа област и меѓународните организации.
ПРОГРАМА:
11:00 – 11:15 часот – Поздравни обраќања
- Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања
- Гордана Силјановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика
11:15 – 15:00 часот – Дискусија