Петок, 30 јули 2021
ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА
По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Северна Македонија, на 2 август 2021 година (понеделник), ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:
- Собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, во состав: Даниела Николова и Марија Петрушевска, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:
- 09:00 часот - Споменик на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“;
- 09:15 часот - Споменик на АСНОМ, Парк „Жена борец“;
- 09:20 часот - Споменик на Никола Карев, пред Собранието на Република Северна Македонија:
> интонирање на химната;
> обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери;
> културно-уметничка програма
- Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав: Мирослав Јовановиќ, Лидија Тасевска и Бране Петрушевски, ќе положи венец свежо цвеќе во Пелинце:
- 10:00 часот, Меморијален центар АСНОМ
- Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Фадил Зендели, во состав: Илија Николовски, Љупчо Балковски и Петар Ристески, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:
- 11:30 часот - Гроб на Никола Карев, Македониум;
- 12:15 часот - Споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
- 18:00 часот - „Мечкин Камен“.