Соопштенија

Понеделник, 26 октомври 2020

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Конференција за имплементирање на Европската конвенција за човекови права

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Халил Снопче, и пет членови на Комисијата, на 27 октомври 2020 година, од 10:00 до 13:00 часот, ќе учествуваат на Парламентарна веб конференција за имплементирање на стандардите на Европската конвенција за човекови права: клучна улога на националните парламенти.

Конференцијата е во организација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), а учество ќе земат и членови на Парламентите на Албанија, Босна и Херцеговина и Србија.

Воведни обраќања на Конференцијата ќе имаат претседателот на ПССЕ, Рик Демс и првиот потпретседател на Комисијата за правни работи и човекови права на ПССЕ, Владимир Варданјан.

Првата сесија од Конференцијата ќе биде посветена на Европската конвенција за системот за човекови права, a втората сесија на улогата на националните парламенти во имплементирање на Европската конвенција за човекови права и во надзорoт над извршувањето на судските пресуди.

Click