Меѓународни организации и интеграции

Вторник, 12 февруари 2013 година

Осми состанок на Работната група за парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Во рамките на македонското претседателство со Процесот на соработка во Југоисточна Европа, се одржа Осмиот состанок на Работната група за парламентарната димензија на ПСЈИЕ.

Работната група е формирана со Завршната декларација од Конференција на претседатели на парламенти, одржана во Анталија, Република Турција, со цел подготовка на извештај за насоките и модалитетите за натамошен развој на Парламентарната димензија на ПСЈИЕ, кои би довеле до креирање на Парламентарно собрание. 

На состанокот присуствуваа претставници од Парламентите на Албанија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Србија, Словенија, Турција, како и од Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка во Југоисточна Европа, од Софија, Советот за регионална соработка, од Сараево и Фондацијата Фридрих Еберт, како главен поддржувач на настанот.

Со состанокот претседаваше пратеничката Ермира Мехмети-Деваја, која во своето воведно излагање потенцираше дека и покрај многуте нешта за кои е постигнат консензус на минатите состаноци, остануваат уште отворени прашања како што е моделот на секретаријатот и критериумот за големината на делегациите.

Ова беше втор состанок одржан во Собранието, а на него се постигна согласност за претстојните активности на групата и на актуелното претседателство во врска со прецизирањето на завршните документи на групата кои ќе се поднесат на Десеттата конференција на претседатели на парламенти на земјите членки на ПСЈИЕ, чиј домаќин ќе биде Собранието на Република Македонија.

 
Click