Неформални групи

Петок, 21 мај 2021 година

Прва тематска средба за родово сензитивни политики и процедури во Собранието

Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички ја организираа првата работна средба за родово сензитивни политики и процедури во Собранието на Република Северна Македонија на тема: „Репрезентативност во раководството, работните тела, делегациите и службата“. 

На работната средба учестсвуваа членови и заменици на членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Клубот на пратенички, претставници од стручната служба, граѓанското општество и меѓународните организации. 

На средбата, воведни излагања имаа претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Сиљановска-Давкова,која овие средби ги окарактеризира како логични и навремени со оглед на тековните расправи и процеси околку Деловникот и Законот за Собрание. Сиљановска-Давкова исто така укажа на важноста понудените решенија во севкупната легислатива и системскиот пристап да бидат компатибилни бидејќи само во тој случај политиките ќе видат родово сензитивни.

Претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова, се осврна на конкретни примери и илустрација на состојбите во составот на работните тела и делегации во Собранието упатувајќи на потребни интервенции во Деловникот, како и потребата од системско унапредување на парламентарниот надзор на родовата еднаквост.

По презентациите на тековната состојба во раководството, работните тела, делегациите и службата на Собранието на Република Северна Македонија, препораките на ОДИХР од анализата на Деловникот и Законот за Собрание од аспект на родот и различностите и нацрт Законот за родова еднаквост, следеше дискусија на којашто учесниците придонесоа со конкретни сугестии, предлози и идеји за унапредување на политиките и процедурите во законодавниот дом. 

Следната работна средба во циклусот на активности за родово сензитивни политики и процедури во Собранието на Република Северна Македонија ќе биде на тема: „Родово сензитивно законодавство и надзор“. 

Click