Неформални групи

Среда, 20 февруари 2019 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Во придружба на министерката беше тим составен од советници во Кабинетот на министерката Царовска, како и од Секторот за социјална заштита.Целта на работната средба беше министерката со својот тим да ги информира пратеничките преку Клубот за новите закони од социјалната сфера:

  • Закон за социјална заштита;
  • Закон за детска заштита;
  • Закон за обезбедување на стари лица без имот.

На работната средба покрај членовите на претседателството на Клубот на пратенички, присуствуваа: Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Македонија; претставници од Комисијата за труд и социјална политика, меѓу кои и Весна Пемова, заменик-претседателка на Комисијата за труд и социјална политика; претставници од НДИ; а поканети беа и сите пратенички на Собранието на Република Македонија.

Средбата ја отвори претседателката на Клубот на пратенички, Ѓулумсер Касапи со воведно обраќање.

По воведното обраќање министерката Царовска ги презентираше податоците и информациите базирани на факти и аргументи, а паралелно се потруди да даде одговор и на поставените прашања  од страна на присутните. Свој осврт на прашањата даде и шефицата на кабинет на министерката, Санела Шкријељ.

Во текот на информативната средба се отвори дискусија во однос на изложените податоци. Во дискусијата се вклучија пратеничките: Мирсада Емини-Асани, Благица Ласовска, Лилјана Затуроска, Весна Пемова, Соња Мираковска, Маја Морачанин, Снежана Калеска-Ванчева, Катерина Кузмановска; пратеникот Самка Ибраимоски како член на комисијата за труд и социјална комисија; a Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Македонија  го имаше завршниот збор.

На крајот од  дискусијата од страна на присутните се поздрави оваа информативна средба со министерката и пратеничките, присутните изразија подготвеност за понатамошна  соработка и се нагласи дека ова е  вистинскиот начин како треба да се работи за успешно понатамошно справување со предизвиците  од социјалната сфера. 

Click