Неформални групи

Понеделник, 20 септември 2021

Вебинар за родовите социо-економски влијанија на Ковид-19 врз жените

Претседателката на Клубот на пратенички Лолита Ристова денеск зеде учество на вебинарот на тема „Родовите социоекономски влијанија на КОВИД-19 врз жените“, кој беше организирам во рамките на Програмата за парламентарна поддршка на НДИ во соработка со Регионалната иницијатива на НДИ за законодавно зајакнување. На вебинарот учествуваа и пратеничките Моника Зајкова, Драгица Ѓавочанова и Марија Костадинова.

Целта на денешниот вебинар беше да обезбеди можност за претставување на Анализата на истражувањето на јавно мислење на јавни политики во врска со родовите социоекономски влијанија на КОВИД-19 врз жените, изработена од Петра Дуринова, експертка од Словачка; да го претстави истражувањето на јавното мислење во Северна Македонија на истата тема, но, исто така, да обезбеди и форум за размена на мислења и дискусии меѓу колегите пратеници и службеници од парламентите во регионот.

Според студијата на Европскиот институт за родова еднаквост (EIGE), „Постои директна поврзаност меѓу нееднаквата распределба на неплатената нега во домаќинствата и родовата нееднаквост на пазарот на трудот. Во ЕУ најголемиот дел од неплатената работа во обезбедувањето нега паѓа на жените, со 92 % од неплатената нега што се обезбедува неколку дена во текот на неделата – наспроти 68 % од страна на мажите“

Истражувањето ги опфаќа товарот на неплатената нега, финансиските предизвици предизвикани од скратеното работно време и загубените работни места, потоа родово базираното насилство и состојбата со Ромките, како и времето/просторот жените да се ангажираат во раководството и процесот на одлучување во политиката и секако дава препораки за намалување на нееднаквоста во споменатите сфери.

Податоците собрани од „ОН Жени“ во Северна Македонија покажуваат дека доменот во кој се забележуваат континуирани родови нееднаквости во земјава, дури и пред пандемијата, е економијата, а нееднаквостите се особено изразени во делот на заработувачката и пристапот до финансиски ресурси.

Претседателката на Клубот, Ристова, во својата дискусија се осврна на пакетот социо- економски мерки, кои, на предлог на Владата, беа усвоени од Собранието, со цел обезбедување одржливост на домашните економски дејности и на работните места насочени кон невработените лица и социјално ранливите категории.

 

Click