Активности на Парламентарен институт

Понеделник, 24 септември 201 година

„ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ” ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, за прв пат организираше „Детски парламент” за 89 ученици од 15 училишта од 15 општини во Република Македонија.

Детскиот парламент е проактивен пристап на законодавната власт да ја приближи работата на Собранието до младите, да придонесе за развој на демократска свест и култура на толеранција, како и поттикнување на младите за општествена и политичка критичност и вклученост.

Преку симулација на законодавна постапка, учениците развиваа аргументи со кои се поддржува или побива предложеното законско решение, а на крајот имаа можност и да гласаат.

Дополнително, учениците одржаа средба со четворица пратеници од сите пратенички групи во Собранието, ги разгледаа најрепрезентативните простории од зградата на Собранието и се стекнаа со сертификати за учество.

Click