Активности на Парламентарен институт

Среда, 11 април 2018 година

ПРОЦЕНКА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ЕДУКАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СОРАБОТКА СО СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА

Парламентариот институт спроведува програми за информирање и едукација на ученици и студенти, граѓански организации и општо за граѓани. Овие програми се одвиваат во форма на семинари, дебати и отворени денови во Собранието на Република Македонија. Само во 2017 година повеќе од 660 ученици и студенти и над 5000 граѓани го посетија Собранието.

За проценка на спроведувањето на овие програми, 4 претставници од Швајцарскиот национален совет присуствуваа во Собранието на Република Македонија од 19 до 21 март 2018 година. 

Како дел од посетата делегацијата присуствуваше на два еднодневни семинара наменети за студенти и за ученици од средните училишта, на организирани обиколки на зградата и работните простории на Собранието. 

Click