Неформални групи



Среда, 29 јануари 2014 година

Работен состанок на тема: Стратешко планирање на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе одржи работен состанок на 3 февруари 2014 година, со времетраење од 13 до 15 часот, во Сала на Уставна комисија, во зградата на Собранието на Република Македонија, на тема: Стратешко планирање на Клубот на пратенички.

Работниот состанок ќе се одржи во соработка со Националниот демократски институт, а поканети се членовите на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија.

Целта на работниот состанок е дефинирање на стратешките приоритети во работењето на Клубот на пратенички.

Click