ЗУДИ ЏЕЛИЛИ
Роден на19.10.1961, во с. Речан - Гостивар.Основно училиште завршил во родното место, средно - гимназија општа насока - во Гостивар. Више образование завршил во Лесковац, познат и единствен центар за образование на ваков вид кадри во бивша Југославија, каде што дипломирал во 1984 година и стекнал звање текстилен инженер.
- Од 1985 до 1992 година бил шеф на производство во Фабриката за текстил "Готекс" во Гостивар.
- Во 1996 година бил советник во Општинскиот совет во Гостивар.
- Во 1998 година бил претседавач на Општинскиот совет.
- Во 1999 година бил претседател на кризниот штаб за Гостиварскиот регион за згрижување на бегалците од Косово.
- Во 2000 година се именува од страна на Владата на РМ за помошник на директорот на Агенцијата за неразвиените подрачја.
- Во 2001 година учесник во ОНА, во бригадата 116 која дејствуваше во Гостиварскиот регион, како командант на артилерискиот вод при оваа бригада.
- Во 2002 година пратеник од ДПА во изборната единица бр.6 поставен под број 2, на изборниот список по г. Арбен Џафери.
- Родител е на три деца, со живеалиште во Гостивар од 1975 година, во населбата Тоска.