ЗУМРЕТЕ ЈАКУПИ
Член на ДУИ. Родена на 10 јуни 1963 година во Скопје. Албанка. Завршила високо образование - професор и Виша медицинска школа. Магистер по здравствен менаџмент на „МИТ“ Универзитет- Скопје.
Активности во Собранието
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик член
- Комисија за економски прашања, заменик член
- Комисија за здравство, член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји: Естонија, Летонија и Литванија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, претседател
Претставник од пратеничката група на ДУИ во Претседателството на Клубот на пратенички.