Среда, 20 февруари 2019 година

РАБОТНА СРЕДБА НА КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Во придружба на министерката беше тим составен од советници во Кабинетот на министерката Царовска, како и од Секторот за социјална заштита.Целта на работната средба беше министерката со својот тим да ги информира пратеничките преку Клубот за новите закони од социјалната сфера...

повеќе...

 

Вторник, 19 февруари 2019 година, Брисел

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОЦИ НА КОМИТЕТИТЕ НА ПС НАТО СО СЕВЕРНОАТЛАНТСКИОТ СОВЕТ

На покана од ПС на НАТО, на заедничките состаноци на Комитетите на ПС на НАТО со Северноатлантскиот совет (NAC), кои се одржуват од 18 до 20 февруари 2019 г. во Брисел, Кралството Белгија, учествуваат пратениците Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија и член на Делегацијата. 

повеќе...

 

Вторник, 19 февруари 2019 година

УЧЕСТВО НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БРИСЕЛ

На Конференцијата се дискутираше за Повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027, која го претставува Буџетот на Европската Унија за следните седум години. Буџетот на ЕУ се планира и реализира така што секогаш постои баланс, односно никогаш нема ниту суфицит, ниту дефицит, практика што е честа во националните економии. Оттука, јавните финансии на ЕУ и управувањето со истите се одликува со многу голема избалансираност, транспарентност и предвидливост. 

повеќе...

 

Среда, 20 февруари 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗИМСКАТА СЕСИЈА НА ПС ОБСЕ

Од 21 до 22 февруари 2019 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на која ќе учествуваат пратениците: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

повеќе...

 

Вторник, 19 февруари 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОСТАНОК ПОСВЕТЕН НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО БРИСЕЛ

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Агим Шаќири, заменик-претседател и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања денеска ќе учествува на состанок посветен на енергетската ефикасност во организација на Енергетската заедница и на Парламентарен форум за Југоисточна Европа за Енергетска ефикасност и клима во организација на Германското здружение за соработка кои се одржуваат во Брисел, Кралството Белгија. 

повеќе...

 

Понеделник, 4 февруари 2019 година

ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА ШТАБОТ НА НАТО И ВРХОВНИТЕ ШТАБНИ ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ЗА ЕВРОПА 

Студиската посета е наменета за членовите на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО и членовите на Комисијата за одбрана и безбедност и на Комисијата за надворешна политика.

повеќе...

 

Понеделник, 28 јануари 2019 година

ГРУБИ- ТИЦИЊСКИ – УСПЕШНО СРАБОТЕНИ ЕУ ЗАДАЧИ ВО СОБРАНИЕТО   

На средбата Груби го потенцира значењето на заокружувањето на решението на прашањето за името со Република Грција, по објавувањето на ратификуваниот договор во службениот весник на земјата. Исто така, информира и за сработените задачите, кои Собранието ги направи неодамна, како што е донесениот закон за борба со корупцијата и судирот на интереси, реформите во безбедносниот сектор и законите од областа на правосудството, кои го поминаа првото читање и се во собраниска процедура.

повеќе...

 

Вторник, 15 јануари 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ РУБИН ЗЕМОН СО ЕГИПЕТСКИОТ АМБАСАДОР, Н.Е. МОАЈАД ФАТХАЛАХ ЕЛ ДАЛИЕ

Пратеникот Рубин Земон оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Арапска Република Египет, Н.Е. Моајад Фатхалах Ел Далие. На средбата се разговараше за можностите за развивање и продлабочување на односите и соработката помеѓу двете земји, особено меѓу парламентите на двете држави. 

повеќе...

 

Вторник, 13 ноември 2018 година

СРЕДБА НА КООРДИНАТОРОТ ТОМИСЛАВ ТУНТЕВ СО АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА, Н.Е. КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ 

Двајцата соговорници оценија дека македонскиот парламент е исправен пред предизвикот да обезбеди успешно завршување на процесот на уставни промени, коишто ќе значат целосна имплементација на Договорот со Грција. На состанокот беше оценето дека во првата фаза од процесот за уставни измени имаше конструктивна парламентарна дебата, која треба да создаде услови во следната фаза да се зголеми поддршката од страна на пратениците.    

повеќе...

 

Среда, 6 февруари 2019 година

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска, беше потпишан Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата. Протоколот го потпишаа постојаните претставници на 29-те членки на НАТО и министерот за надворешни работи на нашата земја, Никола Димитров.

повеќе...

 

Петок, 11 јануари 2019 година

РОМАНИЈА НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ 

Со почетокот на 2019 година, Романија стана новиот претседавач со Советот на Европската Унија, за прв пат откако стана дел од европското семејство во 2007 година. 

повеќе...

 

Вторник, 8 јануари 2019 година

ПЛОВДИВ И МАТЕРА - ЕВРОПСКИ ПРЕСТОЛНИНИ НА КУЛТУРАТА 

Бугарскиот град Пловдив и италијанскиот Матера ја добија титулата европски престолнини на културата за 2019 година.

повеќе...