Пратеници



                                                                                                                      

                                                        СТОЈАН АНДОВ 
  
 


     
 

 

 
   
   Роден е 1935 година во Кавадарци, Република Македонија; Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет;
     
  
   Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.); Се смета за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија; - Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година). - Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект; - По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет; - Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.
     
  
   - На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година; - На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година; - Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година); - Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија; - Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година; - На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.
     

Click