СЛОБОДАН НАЈДОВСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Член на ЛДП Роден 1961 г. во с. Добровени, РМ. Македонец. Има високо образование.
· Професионална кариера
- Од 1986 до Октомври 1988 бил во поранешниот Сојуз на Социјалистичката младина на Југославија во секторот за агроиндустриски комплекс.
- Од 1990 до 1994 - Комерцијалист и Раководител на комерција на Битолска пивара.
- Од 1994 до 1998 - Пратеник во Собранието на Република Македонија.
- Од 1999 до 2002 - Директор на Ј.П.Пазари - Битола.
- Од 2002 - Актуелен пратеник
· Политичка кариера
- Активист во поранешниот Сојуз на Социјалистичка младина од кои 2 години професионално ја обавува функцијата.
- Еден од оснивачите на младата прогресивна странка која подоцна го променила името во Либерална Партија.
- Претседател на општинската организација на Либерална Партија од 1993 до 1997
- Член на централниот одбор на Либерално Демократска Партија
- Член на Извршен одбор на Либерално Демократската Партија.
- Претседател на одборот за финансии и буџет на ЛДП
- Активно како пратеник од 1994 до 1998
- Член на комисијата за економска политика и развој.
- Од 1996 до 1998 Претседател на анкетната комисија за испитување на јавните набавки.
- 2002: Член на комисијата за финансии и буџет при собранието на Р.М.; Член на комисијата за економија при собранието на Р.М.; Заменик член во комисија за европска интеграција.