Вторник, 16 април 2013 година
ДЕВЕТТИ СОСТАНОК НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНАТА ДИМЕНЗИЈА НА ПСЈИЕ
За време на Mеѓународната конференција на тема „Eвропскатa интеграција низ соработка на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела во ЈИЕ - размена на искуство и позитивни практики“, се одржа и состанок на Работната група за Парламентарната димензија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа - ПСЈИЕ.
На состанокот присуствуваа претставници од парламентите на Бугарија, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Словенија, Турција, како и од Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка во Југоисточна Европа од Софија и Советот за регионална соработка од Сараево.
Отворајќи го состанокот, актуелниот претстадавач со Работната група, пратеникот г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја, истакна дека присуството на членовите на Групата го потврдува интересот и посветеноста на Групата за соработка на теми од заеднички интерес за регионот.
Во текот на расправата, посебно внимание се посвети на работниот материјал за основните принципи, насоките, Секретаријатот и процедурите на идниот парламентарен форум.
Ова беше деветти состанок на Работната група, а трет за време на Македонското претседателство. Последниот состанок ќе се одржи за време на Десеттата конференција на претседателите на парламенти, како последна активност во делот на парламентарната димензија на ПСЈИЕ.