Сафет Бишевац
Независен пратеник. Роден на 4.1.1964 година во Рибариќи, Србија. Бошњак. Дипломиран новинар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
- Совет на Собранискиот канал, член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
- Комисија за надворешна политика, член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
Е-пошта: s.bisevac@sobranie.mk