Четврток, 7 јуни 2012 година, Брисел
Усвоени Завршни препораки на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија
На Десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 7 јуни 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи, претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г.Беким Фазлиу, заменик-член.