Петок, 20 септември 2013 година
ТРИЕСЕТ И ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК
Во актуелниот двоброј за месец јули и август 2013 година, кој ги опфаќа активностите на Собранието на Република Македонија поврзани со европските интеграции, опфатена е официјалната посета на Претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор и неговата средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на која уште еднаш беа разменети мислење за добивањето на датум за отпочнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија и во тој контекст, беше изразена подготвеностa од страна на Република Словенија да направи сѐ што е во нејзина можност за олеснување на интегрирањето на Република Македонија.