СЕЈФЕДИН ХАРУНИ
Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1944 година во село Градец, Гостивар, Албанец. Завршил Филолошки факултет. Доктор по филолошки науки. Беше пратеник и во претходниот состав на Собранието на Република Македонија. Живее во Гостивар.