Служба на Собранието



 

 

Афет Мамути

 

 

 

 

Роден  на 12.11.1975 година во Тетово. Средно образование има завршено во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” - Тетово, a дипломирал  на Правниот Факултет при Државниот Универзитет во Тетово. Постдипломските студии за магистратура ги запишал  на Правниот Факултет при  Универзитетот во Тирана во отсекот на граѓанското право.  На 27 септември 2007 год. на Правниот Факултет при Универзитетот во Тирана, го одбранил магистерскиот труд каде се здобил со звање Mагистер по Правни Науки - Граѓански смер. Во академската  2008/09 година ги запишал Докторските студии  на Правниот Факултет при  Приштинскиот Универзитет во граѓанска правна насока. Од 1 октомври 2003 год. работи како асистент на Правниот Факултет при  Државниот Универзитетот во Тетово. А од академската 2009/2010 год. е ангажиран како предавач за предметите од областа на граѓанско право во Правниот Факултет во ДУТ.

ИСКУСТВА И ДРУГИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Во ноември 2006 год. од Научниот наставен совет на Правниот Факултет е одбран в.д продекан за студентски прашања.
  •  Во 1999 год. работел во Американската Невладина Организација IMC (International Medical Corps).
  • Во 2004 год. бил ангажиран како предавач во Скопје во Центарот за обука на административци од Програмата на ЕУ , Pace I и Pace II, финансирано од British Council.
  • Во 2005 год. исто така беше ангажиран од British Council како предавач во Центарот за обука на преведувачи за во судови и државна администрација во Скопје за правните предмети.
  • Бил потпретседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања при општинскиот Совет во Тетово 2005-2009 год.
  • Во 2005 год. следел курс по англиски јазик во Oxford House College, во Оксфорд во Англија.
  • На 25 август 2008 год. од страна на Собранието на Република Македонија е избран за заменик на Генералниот Секретар на Собранието на Република Македонија функција која продолжува да ја извршува.
  • Од 19-30 октомври 2008 год. присуствувал во Вашингтон во Претставничкиот Дом на Американскиот Конгрес во обуката организирана од House Democracy Assistance Commission (HDAC).
Click