ЈОВАН МАНАСИЈЕВСКИ
Претседател на ЛДП. Роден на 21 мај 1968 година во Гостивар. Македонец. Дипломиран социолог. Беше министер за труд и социјална политика и министер за одбрана во периодот 2002-2006 година.
Активности во Собранието
- Буџетски совет на Собранието, заменик претседател
- Комисија за финансирање и буџет, претседател
- Комисија за труд и социјална политика, заменик член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Малта и Република Кипар, член