Работни тела

КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

 

Е-пошта: kep@sobranie.mk           

Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици. 

  Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • следење на спроведувањето на Националната стратегија за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и редовно го известува Собранието за нејзиното спроведување;
  • следење на исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија и остварување на програмите и другите акти на институциите на Европската Унија, вклучувајќи ги и програмите за финансиска помош;
  • следење и поттикнување на процесот на усогласување на законодавството на Република Северна Македонија со законодавството на Европската Унија, како и предлага мерки за унапредување на постапките за усогласување, дава мислења и предлози за активностите на другите работни тела на Собранието и го насочува нивното внимание на прашања сврзани со приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската унија;
  • следење на активностите на Владата и органите на државната управа во врска со приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија и во врска со нив дава мислења и препораки;
  • анализирање на последиците од пристапување на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија и подготвува извештаи во врска со истите;
  • редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со европската интеграција, вклучително и преку собирање информации, литература и други документи поврзани со Европската Унија;
  • предлагање и остварување на активности насочени кон информирање на јавноста за процесите на европската интеграција;
  • соработката со соодветните комисии на другите земји и            
  • разгледува други прашања во врска со европската интеграција и приемот на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија.               

 

претседател: Арбер Адеми
заменик на претседателот: Арта Билали-Зендели
членови: 1) Моника Зајкова
2) Зеќир Рамчиловиќ
3) Снежана Калеска-Ванчева
4) Фаница Николоска
5) 
6) Лолита Ристова
7) Жаклина Пешевска
8) Даниела Христова
9) Марија Петрушевска
10) 
11) Антонијо Милошоски
12) Миле Лефков
13) Мерита Колчи-Коџаџику
14) Халил Снопче
заменици на членовите: 1) Илија Николовски
2) Лидија Тасевска
3) Мартин Костовски
4) Бисера Костадиновска-Стојчевска
5) Бети Рабаџиевска-Наумовска
6) Славјанка Петровска
7) Љупчо Димовски
8) Мирче Аџиоски
9) Гордана Сиљановска-Давкова
10) Игор Здравковски
11) Александар Николоски
12) Лидија Петкоска
13) Вјолца Адеми
14) Абдула Салиу
Click