Активности на Парламентарен институт

Февруари 2017 година 

РАБОТИЛНИЦА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА “СТАНДАРДИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ПАРЛАМЕНТИТЕ И КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ” 

Во февруари 2017 година во Струга се одржа дводневна работилница на тема "Стандарди за управување со човечки ресурси, транспарентност на парламентите и календар на активности", наменета за вработените од Службата на Собранието. Работилницата се спроведе во организација на Парламентарниот институт, а во улога на презентери/обучувачи беа претставници од Агенцијата за администрација, МИОА и Парламентарниот институт.

На работилницата се разговараше за рамката за компетенции, оценувањето и предизвиците од спроведувањето на одредбите од Законот за административни службеници.

Дополнително, беше презентиран Националниот акциски план кон Иницијативата за Партнерството за отворена власт, унапредувањето на соработката со цивилното општество, платформата за отворени податоци, слободата на информации, фискалната транспарентност и сл.

Како исклучително важен аспект од фукнционирањето на секој модерен парламент, беа презентирани, видовите на парламентарни календари како основна алатка за планирање на законодавниот процес и работата на парламентите.

На крајот, беше разговарано за улогата на Собранието кон Партнерството за отворена власт, неговата вклученост, за транспарентноста, одговорноста, технологијата и иновациите. 

Click