Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Петок, 17 ноември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на работната средба на ИППГ на тема „Семејство за секое дете“

Кога ја читав програмата за денешната средба, а посебно темата „Семејство за секое дете“, се сетив на романот на Чарлс Дикенс, „Оливер Твист“, кој својот расказ го започнува со опишување на условите за живеење на децата без родители во едно сиропиталиште и со нивната најгруба злоупотреба. Верувам дека многу од вас го читале романот или пак гледале некоја од повеќето филмски верзии снимени според овој роман.

повеќе...

Среда, 15 ноември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Регионалната конференција на Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан

По правило, ноември и декември во сите држави се месеци кога во парламентите се водат на моменти и жестоки расправи околу буџетот за следната година. Затоа, мислам дека ова е вистинскиот тајминг за  денешната конференција на која тема на расправа е „Парламентите од Западен Балкан и Буџетскиот надзор“. Би сакал на самиот почеток да изразам задоволство што Мрежата на парламентарните комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан, поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија и  Светската банка, ја организираат оваа конференција од која верувам дека сите ние ќе понесеме позитивни сознанија и искуства.

повеќе...

Понеделник, 27 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Научната конференција за аерозагадување

„Мисли глобално, делувај локално“ е мотото во делувањето на повеќето зелени невладини организации и зелените политички партии. Сметам дека овој начин на размислување, ако сакате и филозофија на живеење, треба да е основата на еколошката свест, а со тоа и на грижата за животната средина на секој човек на планетата Земја. Лично, ценам дека како што мирот е неделива категорија, така и заштитата на човековата средина, односно грижата за нашата планета е неделива категорија.

повеќе...

Петок, 27 октомври 2017 година, Будимпешта

Обраќање на претседателот Џафери на 8. Конференција на претседатели на Парламенти од земјите на Западен Балкан, на тема: „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“

Ова е Осма конференција на претседатели на Парламенти од нашиот регион, Западен Балкан, во организација на Унгарското национално собрание и овие наши средби веќе стануваат традиција за која сум убеден дека ќе продолжи. Сакам да ја искористам оваа пригода и да се заблагодарам на нашиот домаќин, уважениот колега Ласло Ковер, а преку него и на Унгарскиот парламент, за покажаниот континуитет во нивната меѓународна активност, односно парламентарната дипломатија за државите од Западен Балкан. 

повеќе...

Среда, 18 октомври 2017 година, Санкт Петербург

Промовирање на културен плурализам и мир преку интеррелигиски и интеретнички дијалог

Нашата планета земја опстојува и е убава пред сè, заради природниот биодиверзитет. Јас лично верувам дека исто толку важен за опстанокот на планетата земја е, етничкиот, културниот, јазичниот и религиозниот диверзитет, односно различности кои ја создаваат и ја движат човековата цивилизација. 

повеќе...

Петок, 6 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на „Балканската конференција по повод 500-годишнината од протестантската реформација, 1517-2017“

Добродојдовте во законодавниот дом на Република Македонија, во домот на сите граѓани. Уште на почетокот на мојот мандат, јасно ја изразив мојата намера да овој храм на демократијата го отворам за сите иницијативи, потреби и позитивни чекори во градење на едно подобро, поздраво и подемократско општество, во кое сите граѓани ќе бидат еднакви и рамноправни во своите права и обврски. Оваа Конференција со која се одбележува 500-годишнината од протестантската реформација е доказ токму на таа моја интенција.

повеќе...

Среда, 4 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери пред студентите во Универзитетот на ФОН

Пред 26 години, првиот парламентарен состав, токму преку Собранието ја реализираше одлуката на граѓаните кои на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Еден од првите приоритети, кој беше тогаш дефиниран и усвоен во парламентот, беше целосната интеграција на Република Македонија во eвроатлантските структури, односно полноправно членство во НАТО и Европската Унија.

повеќе...

Четврток, 28 септември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Дебатата за „Политичкото учество на лицата со попреченост“

На шести септември, овде, во Собранието на Република Македонија, беше формирана Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост. Тоа е група која не е класично парламентарно тело, како што се на пример комисиите, туку пред сè, е парламентарна лоби група која и по името јасно индицира дека ја надминува партиската припадност на членовите, но и онаа класична политичка поделеност која ја има во секој парламент, а тоа е парламентарно мнозинство, односно власт и опозиција. И, тоа што мене како претседател на Собранието ме радува, е фактот што моите колеги пратеници, членови на оваа Интерпартиска лоби група,  заедно со нашите пријатели од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и невладината организација Полио Плус, за дваесетина дена ја организираат оваа дебата.

повеќе...

Сабота, 23 септември 2017 година, Приштина

Обраќање на претседателот Џафери на  Конференција  на тема: „Култура и мир на Балканот - Улогата на пратениците"

Мирот е една од најголемите вредности на човековата цивилизација. Тоа е неделива и универзална вредност која во исто време, поради однесувањето на луѓето е и многу фрагилна. Ние кои живееме на Балканот, таа фрагилност ја почувствувавме во поновата историја, поточно од распадот на некогашна Југославија, а цената беше висока со илјадници изгубени животи, разрушени домови, уништени ресурси. Сепак, мислам дека со помош на меѓународната заедница сфативме дека сè, па дури и најтешките прашања и разлики на крајот се решаваат со дијалог. Значи, за секој конфликт решението треба да се бара исклучиво преку дијалог.

повеќе...

Петок, 15 септември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод Меѓунарoдниот ден на демократијата

Размислувања за демократијата како форма на владеење и форма на државно уредување среќаваме уште во античките времиња, кај познатите мислители Аристотел, Сократ и Платон. Во суштина, од античките времиња па до денес, демократијата и сè тоа што се подразбира под овој поим, било предмет на теоретски расправи на политички дефиниции. 

повеќе...