Контактирај со Претседателот


 

Почитувани граѓани,

Основна претпоставка за квалитетно и одговорно парламентарно работење е нашата постојана комуникација со Вас и Вашите здруженија, особено во Вашите изборни единици. 

Редовната комуникација обезбедува нужен протек на взаемно корисни информации за законите кои ги носиме, за примената на донесените закони, за работењето на надлежните органи и во таа насока Вашите забелешки, предлози, сугестии и укажувања. Редовните контакти со Вас се воедно и показател за степенот за отвореност и транспарентност на пратениците и можност за презентирање отчет за сработеното. Заложбата за постојани редовни контакти со Вас ја утврдивме како наша потреба и обврска и со неодамна донесениот Закон за Собранието на Република Македонија.     

За презентирање на Вашите предлози, забелешки, сугестии, укажувања, претставки и проблеми, идеи и мислења, можете да побарате средба со пратеникот од вашата општина или изборна единица, во рамките на проектот „Канцеларии за контакт со граѓаните” (потребните податоци можете да ги најдете на веб-страната на Собранието на Република Македонија).

Доколку сметате дека Вашиот предлог, претставка или забелешка треба да бидат упатени до претседателот на Собранието на Република Македонија тоа можете да го направите на повеќе подолу наведени начини, меѓу кои и преку остварување на средба со претседателот на Собранието секој втор и четврти петок во месецот.

      Со почит,                                                                          Претседател на Собрание на 
                                                                                                      Република Македонија
                                                                                                         Трајко Вељаноски

 

Термини за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија


2009 ГОДИНА

За месец СЕПТЕМВРИ:
11-ти и 25-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец ОКТОМВРИ:
16-ти и 30-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец НОЕМВРИ:
20-ти и 27-ми од 11,00 до 14,00 часот

За месец ДЕКЕМВРИ:
4-ти и 25-ти од 11,00 до 14,00 часот


2010 ГОДИНА

За месец ЈАНУАРИ:
8-ми и 22-ри од 11,00 до 14,00 часот

За месец ФЕВРУАРИ:
5-ти и 19-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец МАРТ:
5-ти и 19-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец АПРИЛ:
16-ти и 23-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец МАЈ:
7-ми и 28-ми од 11,00 до 14,00 часот

За месец ЈУНИ:
4-ти и 18-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец ЈУЛИ:
2-ри и 16-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец СЕПТЕМВРИ:
3-ти и 17-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец ОКТОМВРИ:
8-ми и 22-ри од 11,00 до 14,00 часот

За месец НОЕМВРИ:
12-ти и 26-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец ДЕКЕМВРИ:
10-ти и 24-ти од 11,00 до 14,00 часот


2011 ГОДИНА

За месец ЈАНУАРИ:
21-ви и 28-ми од 11,00 до 14,00 часот

За месец ФЕВРУАРИ:
4-ти и 18-ти од 11,00 до 14,00 часот

За месец МАРТ:
11-ти и 25-ти од 11,00 до 14,00 часот

Лице за контакт – Катерина Пандева и Вјолца Бајрами
Телефон – 02/3112255 локал 149

Доколку сакате претседателот на Собранието да го контактирате со допис во пишана форма, истиот можете да го доставите:
по пошта – ул.11 Октомври бб, 1000 Скопје;
по електронска поштаkontakt.pretsedatel@sobranie.mk;
факс – 02/3112271;