Собраниско раководство



Вторник, 26 мај 2009 година

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски ја прими делегацијата на групата за пријателство Франција-Македонија ОД Националното Собрание на Француската Република  

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски ги прими членовите на Пратеничката група за пријателство со Република Македонија од Француското национално собрание, предводени од претседателот на Групата, г. Филип Дурон. Поздравувајќи ја посетата, претседателот на Собранието истакна дека го радува фактот што во последните месеци се зајакнува соработката меѓу Франција и Македонија на високо ниво. Во оваа смисла тој ги спомена неодамнешните средби со својот колега, претседателот на Француското национално собрание, г. Бернар Акојер, како и со сенаторот, г. Роберт Бадентер, како и последната средба на премиерот, г. Никола Груевски, со францускиот претседател, г. Саркози. Исто така во оваа насока беа посетите на наши парламентарни делегации на Комисијата за надворешна политика и на Францускиот парламентарен канал.

Интензивираната соработка со Франција, држава со големо политичко влијание, постојана членка на Советот за безбедност на ООН и една од основачите на Европската унија е многу значајна за Република Македонија, истакна претседателот Вељаноски, нагласувајќи дека активно се работи на европската агенда и дека во текот на 2009 година очекуваме визна либерализација и датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Претседателот Вељаноски ја подвече несмалената поддршка на граѓаните на Република Македонија за зачленување во НАТО и покрај недобивањето покана на Самитот во Букурешт, како и учеството на македонските војници во мировните мисии на Алијансата.

Претседателот на Групата за пријателство, г.Дурон изрази задоволство од посетата на Република Македонија и од средбите што ги имаа со пратениците од повеќе градови низ Република Македонија, и ја нагласи важноста и од локалната соработка и од збратимувањето на одредени општини од Македонија со одредени општини од Франција. Тој го информираше претседателот Вељаноски  за актуелните теми на разговор со македонските пратеници и се заблагодари за исцрпното запознавање од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија во однос на постигнувањата на Македонија на патот кон  евро-атлантските интеграции. Во срдечниот разговор, од страна на членовите на Групата, Катрин Кере и Арлет Гроскост, беше искажан особен интерес за земјоделството, екологијата, одржливиот економски развој и инвестициите, при што најавија соодветни активности и заемна соработка во споменатите области.

Click