Понеделник, 28 ноември 2016 година

ОТВОРЕН ДЕН ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 25 ноември 2016 година се одржа Отворен ден за посета на Собранието на Република Македонија. 

Ова претставуваше можност 693 посетители, организирани во 17 групи, да го разгледаат свечениот дел на зградата на законодавниот дом, како значајно обележје на македонската државност.

повеќе...

 

Петок, 14 октомври 2016 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 12 октомври 2016 година, одржа јавна расправа на тема: Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2015 година.

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отвори заменик-претседателката на Комисијата, г-ѓа Лилјана Кузмановска.   

повеќе...

 

Петок, 14 октомври 2016 година

ДЕВЕДЕСЕТ И ШЕСТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 96. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

повеќе...

 

Вторник, 20 декември 2016 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“

На 21 декември 2016 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2016 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката му се доделува на Аљуш Камбери, публицист; а за остварување во областа на новинарството на Тони Димков, новинар.

повеќе...

 

Среда, 4 јануари 2017 година

АРХУС И ПАФОС - ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ НА КУЛТУРАТА ЗА 2017 ГОДИНА 

Данскиот град Архус и кипарскиот Пафос ја имаат честа да бидат престолнини на европската култура за 2017 година.

На тој начин, овие два града ќе бидат домаќини на еден од најпопуларните проекти на Европската Унија, кој претставува можност преку културата на различните заедници, да се поттикнат силни локални, европски и меѓународни партнерства.

повеќе...