Собраниско раководство



Четврток, 7 мај 2009 година

 

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски се сретна со министерот за надворешни работи на Република Србија, г. Вук Јеремиќ

На средбата претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, потсети дека со неговата неодамнешна посета на Белград и разговорите со претседателката на српскиот парламент, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, односите меѓу двете држави повторно ја добиваат онаа динамика која беше и која е сама по себе разбирлива и потребна за две соседни држави, односно ова е пример на успешна парламентарна дипломатија.

Истакнувајќи дека добрососедските односи се една од константите во нашата надворешна политика претседателот Трајко Вељаноски потсети дека европските интеграции се приоритет и на Македонија, но и на Србија. Очекувам веќе до крајот на годинава да бидат укинати визите за македонските  граѓани, но и за граѓаните на Србија. Токму нашата определба за членство во ЕУ и НАТО налага да ја следиме и надворешната политика на овие асоцијации и затоа верувам дека за ова ќе имате разбирање за нашите регионални релации, како што ние имаме разбирања за вашето легитимно право пред меѓународните организации да барате остварување на вашите интереси. Македонија секогаш во своите мултилатерални средби и активности ја поддржувала и ќе ја поддржува интеграцијата на Република Србија во ЕУ, а подготвени сме со вас да ги споделиме сите наши искуства.

Претседателот на Собранието, г. Трајко  Вељаноски се осврна и на положбата на македонското малцинство во Србија и уште еднаш го постави барањето во рамките на документот за ратификација на Конвенцијата за малцински јазици, која Србија веќе ја ратификува, да биде внесен и македонскиот јазик.

Министерот за надворешни работи на Република Србија, г. Вук Јеремиќ, изразувајќи благодарност за приемот, уште еднаш ја истакна  неодамнешната посета на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски во Белград. Еве резултат на таа ваша посета на Србија, односите меѓу двете држави повторно се интензивираат на највисоко ниво и верувам како соседи така и ќе продолжат. Сакам да ве уверам дека Србија е посебно заинтересирана за високо развиени односи со Република Македонија на сите полиња, а во тие рамки и на нашето интегрирање во ЕУ. Ние ги разбираме и почитуваме вашите интереси, а разликите кои произлегуваат од ова нема да ги оптоваруваат нашите билатерални односи. Знам за вашето барање македонскиот јазик во Република Србија и законски да биде регулиран и сакам да ве уверам дека тоа ќе биде направено во најбрз можен рок. Во исто време сакам да истакнам дека сум задоволен како нормативно е уреден статусот на српската заедница во Македонија, како и од фактичката положба, истакна на средбата министерот за надворешни работи на Република Србија, г. Вук Јеремиќ.

Click