Собраниско раководство



Среда, 18.03.2009, Нови Сад

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во Нови Сад се сретна со претседателот на Собранието на Автономна Покраина Војводина, г.Шандор Егереши



Во рамките на дводневната посета на Република Србија претседателот на Собранието на Република Македонија , г.Трајко Вељаноски се сретна и со претседателот на Собранието на Автономна Покраина Војводина, г.Шандор Егереши, истакнувајќи притоа дека посетата на Република Србија не би била потполна доколку не ја посетеше и Војводина. За време на срдечните разговори, г.Егереши изрази големо задоволство од посетата на претседателот Вељаноски предлагајќи притоа конкретни теми за поблиска соработка како на локално така и на ниво на стопанственици, со иницијатива за организирање на взаемни стопански форуми во Војводина и во Република Македонија со што би се зајакнала економската соработка. Г.Ергеши иницираше потпишување на рамковна спогодба меѓу парламентите на Република Србија и Република Македонија во која би била опфатена и соработката со Автономната Покраина Војводина за повеќе области, која беше прифатена од страна на претседателот Вељаноски.

Од своја страна претседателот на Собранието Вељаноски ја истакна потребата за интензивирање на соработката меѓу соодветните комисии на Собранието на РМ и Собранието на Автономна Покраина Војводина.Претседателот Вељаноски исто така го потенцираше значењето на мултиетничкиот соживот каде што македонската заедница во целост ги ужива своите права. Тој уште го информираше својот домаќин за посетите кои ги имаше во регионот и за средбите со претседателите на парламентите на земјите членки на ЕУ.

На средбата меѓу другото претседателот Вељаноски од страна на претставниците на македонската заедница беше запознаен со нивната активност, во Статутот на Автономна Покраина Војводина помеѓу неколкуте заедници да биде вбројана и македонската заедница, која досега припаѓаше во групата останати.

Click