Собраниско раководство



Четврток, 23 април 2009 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски и новоизбраниот претседател на Република Македонија г. Ѓорге Иванов

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска оствари средба со новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. На средбата посебно внимание беше посветено на натамошното продлабочување на соработката меѓу двете највисоки институции во државата. Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и претседателот Ѓорге Иванов истакнаа дека тоа продлабочување на соработката е потребно заради поефикасно функционирање на сите државни институции, секако почитувајќи ги уставните и законските надлежности.

Само така Република Македонија пред домашната и пред меѓународната јавност ќе се потврди како држава во која нејзините институции го почитуваат владеењето на правото, а во исто време создаваат амбиент на натамошен развој на парламентарната демократија, истакна на средбата претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

На средбата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го претстави и предвидениот тек на свечената седница на Собранието закажана за 12 мај во 12,00 часот, на која новоизбраниот претседател Ѓорги Иванов ќе даде свечена изјава, со што и формално ја презема функцијата претседател на Република Македонија.

Click