Собраниско раководство



Петок, 24 април 2009 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со поранешните претседатели на Собранието на Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска оствари работна средба со поранешните претседатели на Собранието, господата Стојан Андов, Тито Петковски, Никола Поповски, Љупчо Јордановски и Љубиша Георгиевски. Поради отсуство од државата не присуствуваше господин Саво Климовски. На средбата која беше на иницијатива на претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски најголемо внимание беше посветено на подготовките за донесување на Закон за Собранието на Република Македонија, но од негова страна беше истакнато дека вакви средби ќе има и понатаму, бидејќи искуствата на сите претходни претседатели е големо и може да придонесе во јакнењето на улогата и ефикасноста на Собранието. Сите учесници ја поздравија иницијативата за ваква средба, истакнувуајќи дека Закон за Собранието е потребен.

За ваков закон размислувавме и за време на мојот мандатен период, но и пред тоа, истакна г.Љупчо Јордановски, но навистина е за поздравување што претседателот Трајко Вељаноски тоа сега го спроведува.
Сите поранешни претседатели истакнаа дека сегашната работна верзија на Законот за Собрание е добра основа, но дека се потребни одредени промени на некои решенија. Во таа насока беа и дискусииите на сите учесници на денешната средба истакнувајќи дека со овој закон од една страна јакне самостојноста на Собранието, а во истовреме и одговорноста на пратениците.

Претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски на крајот се заблагодари на учеството и конструктивните забелешки и предлози, истакнувајќи дека сите тие ќе бидат доставени до работната група која го подготвува Законот за Собранието на Република Македонија, со која претседава тој, а во неа се и координаторите на сите пратенички групи.

 

 

 

Click